Грчките судии Константинос Кацикис и Михалис Михаилидис се делегирани да ја делат правдата на натпреварот од второто коло на групата Б на ЕХФ Купот меѓу Еурофарм Работник од Македонија и Татабања од Унгарија. Кристијан Качуц од Австрија е делагат на натпреварот.
Скоро сите билети се продадени и в недела во „Боро Чурлевски“ се очекува полна сала и голема поддршка за Еурофарм Работник.
Натпреварот се игра в недела од 19:00 часот.