РК Еурофарм соопштува дека билетите за првиот домашен натпревар од Б групата на ЕХФ Купот против Татабања веќе се во продажба. Побрзајте и набавете го вашиот билет и навивајте за Еурофарм Работник во обидот да ја запише првата победа во групната фаза.
Билетите се продаваат на три продажни места во Битола: Тобако Вагабонд - Brother tobacco (Широк Сокак), Тобако Снеки нова (градско шеталиште), Тобако All in one (новиот пазар) и во Сити Тобако во Прилеп по цена од 150 денари.
Се молат сите љубители на ракометот кои поседуваат билет да дојдат порано во спортската сала „Боро Чурлевски“, бидејќи вратите ќе бидат затворени во 18:45 часот.
Гледачите се информираат да не носат со себе тврди предмети, запалки, шишиња и слично, бидејќи не е дозволено внесување на овие предмети во салата.