Матан Линденауер и Дор Ларон од Израел ќе го водат натпреварот од првото коло на ЕХФ Купот меѓу Хановер од Германија и Еурофарм Работник од Македонија. ЕХФ го делегираше Стефан Витцум од Швајцарија за делегат на натпреварот.
Се предвидува полна сала и скоро 4.000 гледачи, а еден дел од присутните ќе бидат и македонски навивачи од овој дел на Германија.
Во вториот натпревар од групата Б, синоќа Нексе Нашице ја победи Татабања со 27-28 сред Унгарија.