b_640_480_16777215_00_images_vesti_2017_09_eurorad.jpg

Радовиш - Еурофарм Работник 17:28 (10:11)

По ремито во второто коло против Охрид, ракометарите на Еурофарм Работник во гости славеа против лидерот Радовиш со 17:28 (10:11). Екипата на Андон Бошковски одигра одличен натпревар, доминираше над ривалот и во вториот дел го скрши отпорот.

Првиот дел беше израмнет, па иако гостите постојано водеа, Мајиќ во самиот финиш постигна серија на голови за само -1 по 30 минути.

Но, изненадувањето Стефан Талевски со серија на голови го оддалечи тимот на Еурофарм Работник до финална победа од дури 11 разлика, Токму Талевски со 6 гола беше најефикасен во победничкиот табор, 6 гола даде и Лазае Мајнов, а во перфектниот колектив по 4 гола запишаа Златко Мојсоски и Гоце Ојлески.

Во поразениот табор, Марко Мајиќ постигна 6, а Борче Соколов додаде 5 гола.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723