b_640_480_16777215_00_images_vesti_2017_09_еуро_-_охрид_4.jpg

Еурофарм Работник - Охрид 21-21 (10-14)

Еурофарм Работник и Охрид одиграа вистинско дерби во спортската сала „Младост“, а по голема борба дуелот заврши без победник, 21-21 (10-14). Пред 500 гледачи двете екипи имаа можности да победат, но по подоброто прво полувреме на охриѓани и второ на „фармацевтите“, ремито беше најреалниот исход.

Двете екипи добија по едно полувреме. Гостите водеа со 10-14, но после одморот работите се изменија. Ракометарите на Бошковски почнаа да играат далеку подобро во одбрната. Ги затворија приодите кон голот, а тоа резултираше со само седум примени гола што воедно значеше дека Еурофарм Работник има шанса и за победа.

При 21-21 до крајот останаа околу три минути. Шанса за триумф имаше и на двете страни. И Работник и Охрид имаа по два напади, но немаше реализација, па остана и двата тима да се задоволат со по еден поен.

Гоце Ојлевски со осум постигнати погодоци беше најдобар стрелец на овој натпревар, четири за Работник постигна искусниот Мајнов, додека кај охриѓани најдобри во нападот беа Блажевски со седум и Андоновски и Кљајиќ со по четири гола.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723