b_640_480_16777215_00_images_vesti_2017_06_IMG_0994.JPG

По обновувањето на договорите со Горан Крстевски и Игор Трајковски, Еурофарм Работник во следните две сезони ќе смета на услигите и на средниот бек Стефан Талевски. Битолчанецот стави потпис на новиот договор, според кој ќе остане до јуни 2019 година во тимот на Еурофарм Работник.

На взaемно задоволство денес беше претставен новиот договор, а во името на клубот спортскиот директор Бојан Стефановски изрази задоволство како се развива преодниот рок на битолчани. Еурофарм Работник најнапред ја осигура иднината на тренерот Андон Бошковски на уште една сезона, а потоа потпиша и со Ојлески, Ивановски и понуди нови договори за Крстевски, Трајковски и Талевски.

Во новата сезона Еурофарм Работник ќе има нов македонски лик и голем дел од ракометарите во ростерот ќе бидат Македонци.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723