b_640_480_16777215_00_images_vesti_2017_06_IMG_0992.JPG

Продолжува конструирањето на тимот на Еурофарм Работник. По вчерашната официјализација на засилувањата Ојлески и Ивановски, како и новиот договор за Крстевски, денес уште една клупска активност. Битолскиот суперлигаш го продолжи договорот со Игор Трајковски на уште една сезона.

Капитенот на Еурофарм Работник ќе ја предводи екипата и во новата сезона во Суперлигата и во Челинџ Купот. Трајковски е еден од ракометарите кои играа и во Првата лига и го промовираа клубот ви суперлигаш. По заминувањето на Ашраф Адли во Франција, во овој момент Трајковски е единствен кружен напаѓач во клубот, но управата предвиде уште едно засилување на таа позиција. Со овој потег продолжува зацврстувањето на структурата на екипата на Андон Бошковски која играше во финалето на Купот во сезоната која заврши на крајот од минатиот месец.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723