b_640_480_16777215_00_images_vesti_2017_06_goce.JPG

Репрезентативното крило Гоце Ојлески е првото големо засилување на Еурофарм Работник. Стружанецот се договори со клупската управа и се враќа во Македонија по периодот поминат во Романија во дресот на Одорхеи.

Ојлески ќе биде замена за Серхио Барош, кој си замина на истек од договорот. Репрезентативецот потпиша договор на две години  како нов член на битолскиот суперлигаш. Со ова започнува преодниот рок на Еурофарм Работник во кој се предвидени неколку засилувања и обновувања на договорите на клучните ракометари. Екипата со подготовки ќе стартува во август во Битола.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723