b_640_480_16777215_00_images_vesti_2017_05_18556085_1903171826625058_8021009160499161832_n.jpg

Еурофарм Работник - Охрид 26-18 (15-7)

Битолски Еурофарм Работник испиша историја и се избори за место во своето прво Куп-финале во првата сезона како суперлигаш. Екипата на Андон Бошковски е првио патник во финалето од Купот на Македонија по победата во спортската сала „Младост“ во Битола против Охрид со 26-18 (15-7).

Битолчани отворија со водство преку Чурлевски и Мајнов, а кога во 22 минута Горан Крстевски го совлада Благојче Трајкоски за 9-6, започна серијата на голови на Еурофарм Работник. До полувремето Чаневски се разбрани, а предноста од +3 порасна на високи +8.

Мојсоски и Чурлевски во 34. минута зголемија на 17-7 и го принудија Андоновски на нов тајм-аут. Охридскиот тим тотално беше разбиен и веќе немаше ни мотив да се бори во натпреварот. Дарио Петровски погоди три пати во серија за 21-10, а Дејан Пецаковски, кој претходно беше користен повеќе во дефанзива на крајот доби можност во нападот и постигна два гола во победата од 26-18.

Голманот на Работник, Градимир Чаневски беше одличен на голот со 16 интервенции. Горан Крстевски со 6 , Филип Чурлевски со 5 и Петровски, Адли и Мајнов со по 3 гола го комплетираа историскиот подвиг на Еурофарм Работник. Кај Охрид се истакнаа Лазар Адамовиќ со 4 и Славиша Димитријески со 3 голови.

Во второто полуфинале противникот на Еурофарм Работник ќе произлезе од мечот меѓу Вардар и Металург, кој почнува во 20.30 часот.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723