Еурофарм Пелистер 2 продолжува со засилувањата во пресрет на новата суперлигашка сезона. Битолскиот клуб го ангажираше десното крило Александар Стојков, кој ќе му биде на располагање на тренерот Бранислав Ангеловски.
Стојков зад себе има искуство од настапите во неколку македонски клубови. Во својата кариера ги носеше дресовите на КЛ7, Алкалоид, Струга и Куманово, а сега ќе има нов предизвик во редовите на вториот тим на Еурофарм Пелистер.
Во битолскиот клуб очекуваат новото засилување со своето искуство, квалитет и разновидност да придонесе за исполнување на амбициите во претстојната сезона, во која Еурофарм Пелистер 2 повторно ќе биде дел од македонската Суперлига.






