b_640_480_16777215_00_images_vesti_2026_03_fxcgvjbk.jpg

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 со пораз го почнаа плеј-аутот. Тие во Битола загубија од Пролет со 21-23. Избраниците на Александар Зарков потфрлија, додека тимот на Доне Мајнов одигра одличен меч.

Пролет одигра поквалитетен прв дел и го доби со 11-14. Второто полувреме мина во израмнета борба, пелистерци се надминаа себеси за да се вратат, во неколку наврати дојдоа до еден гол негатива, но гостите во клучните моменти покажа и квалитет и карактер. При 20-21 на шест минути до крајот следеа два гола во низа на скопскиот суперлигаш преку Давитковски и Стоилевски, одбраната на чело со одличниот голман Трајков го заврши клучниот дел од работата и ја осигура победата.

Трајков беше најзаслужен за триумфот на Пролет со дури 17 успешни интервенции, во нападот прв стрелец беше Стоилевски со осум погодоци, пред Стојановски со седум и Палевски со четири гола. Кај Еурофарм Пелистер 2, пет погодоци постигна Бен Мафуд.

Ракомет
Суперлига 2025/26
Плеј-аут - прво коло:

Еурофарм Пелистер 2 - Пролет 21-23 (11-14)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 100
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски

Еурофарм Пелистер 2:
М. Фехми, Јовановски, Младенов, Марковски 4, Гичев, Даневски, Митревски 1, Шулевски 4, Лазаревски 1, Дамчевски, Пецаковски, Славков 1, Белистојановски 2, Дрогришки 1, Мохамед Азис Бен Мафуд 5, Одифред Баптист 2
Седмерци: 5/2
Исклучувања: 6 минути

Пролет:
Трајков, Стојановски 7, Симоновски, Глигоров, Василевски 1, Александров, Коцев, Андоновски 1, Јовиќ, Димковски, Стојчевиќ, Стоилевски 8, Дрпљанин, Палевски 4, Ѓорѓиевски, Давитковски 2
Седмерци: 7/4
Исклучувања: 8 минути

Во следното второ коло на плеј-аутот, Еурофарм Пелистер 2 на домашен терен ќе се сретне со Радовиш.

sponzori 20252026.jpg2

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723