b_640_480_16777215_00_images_vesti_2026_02_asgfzxfc.jpg

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 го совладаа тимот на Струга со огромни 39-23 (17-11) во последното коло од регуларниот дел во Суперлигата. Сепак, нема да играат во плеј-офот, бидејќи Тиквеш загуби на гостувањето кај Бутел Скопје.

Домашниот тим уште во првото полувреме покажа дека е исклучително расположен за игра и создаде предност од шест гола (17-11), а во второто полувреме стави во уште посилна брзина и комплетно го дотолчи ривалот од Струга. Доминантен беше пивотменот Марковски, а одличен прв дел запиша и бекот Митревски и голманот Јовановски.

Имаа битолчани огромни +13 во 54. минута од мечот, а на крајот славеа со конечни 39-23. Најдобар поединец во победничкиот тим беше Петар Марковски со дури тринаесет голови, а во таборот на стружани се истакна Наум Костов со девет погодоци.

Доколку успее да се пласира во плеј-офот, Еурофарм Пелистер ќе биде последниот, шест патник во разигрувањето за шампионската титула. Во спротивно екипата на Александар Зарков ќе биде најдобропласиран тим од плеј-аут лигата.

Ракомет
Суперлига 2025/26
22. коло

Еурофарм Пелистер 2 - Струга 39-23 (17-11)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 200
Судии: Ненад Николовски и Исмаил Металари

Еурофарм Пелистер 2:
М. Фехми, Јовановски, Младенов, Марковски 13, Лозановски 1, Гичев 1, Даневски, Митревски 8, Шулевски 4, Лазаревски 1, Дамчевски 1, Пецаковски, Славков 1, Белистојановски 6, Дрогришки 2, Мохамед Азис Бен Мафуд 1
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 10 минути

Струга:
Тутенкоски, Пероски, Ристевски, Стефановиќ, Белески 1, Мечкароски 4, Костов 9, Клењоски, П. Ферукоски 2, Д: Ферукоски, Симоновски 4, Костоски 1, Савески 2, Талевски, Мајдуб
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 8 минути

Распоредот за плеј-аутот ќе биде познат следната недела.

sponzori 20252026.jpg2

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723