Првакот Еурофарм Пелистер без проблеми го совлада тимот на Куманово (19-43) во натпревар од машката ракометна Супер лига и ги прокнижи очекуваните бодови во финишот на регуларниот дел од сезоната.
Битолчани го играа овој дуел нецели дваесет и четири часа по дуелот со Висла во Лигата на шампионите, но фактот што средбата се играше на домашен терен и разликата во квалитет придонесоа за рутински шеесет минути во салата „Боро Чурлевски“.
Комбинираниот состав на Еурофарм Пелистер уште на полувреме водеше со 22-10, тренерот Алушовски можеше да комбинира и експериментира, а на крајот екипата постигна убедлива победа.
Радивојевиќ го предводеше победничкиот тим со 14 голови, додека Павле Атанасијевиќ беше зад него со осум погодоци.
Ракомет
Суперлига 2025/26
22. коло
Куманово - Еурофарм Пелистер 19-43 (10-22)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 200
Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски
Куманово:
Мартинез Калсадо, Трајковски, Димевски, Димитров 1, Вујицевски 6, Арсовски, Цветковски, Цековски 2, Стојановски 1, Крстановски 2, Најдовски, Иванов, Јорданов 4, Стојков, Ончев 3
Седмерци: 2/0
Исклучувања: 2 минути
Еурофарм Пелистер:
Брестовац, Митревски, Видомски 6, Ристевски 3, Хакбарт 2, Кузманоски 2, Тајник, Хенигман, Радивојевиќ 14, Кузмановски, Абутовиќ, Калајџиовски 6, Пет. Атанасијевиќ 1, Пешевски 1, Хосни, Пав. Атанасијевиќ 8
Седмерци: 5/5
Исклучувања: 12 минути
Следниот викенд стартува плеј-офот, а во него Еурофарм Пелистер ќе влезе од втората позиција.






