Заминува супер-успешната 2025 година за нашиот клуб. Но, имаме уште една мисија за исполнување. Во дванаесетте месеци во годината која изминува станавме шампионот на Македонија, трета година по ред, го освоивме Суперкупот и игравме во финалето на Купот на Македонија. Нашиот развоен клуб беше шампион во Првата лига, младинските категории водат главен збор во домашните шампионати, па дури стигнаа и до Келн. Се етаблиравме во стандарден член на Лигата на шампионите и цел континент разбра за најракометниот град и најдобрите навивачите. Ни останува уште достоинствено да ја испратиме годината во кој прославуваме јубилеј - 70 години постоење РК Пелистер.
70 години РК Пелистер!
Свечена академија, музичка програма и спектакуларен ревијален натпревар на ветерани
Сабота, 27 декември (спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола - 18:00 часот)






