b_640_480_16777215_00_images_vesti_2025_05_CIK_1680.JPG

Еурофарм Пелистер 2 реди победи во прволигашката конкуренција и сосема сигурно ќе направи камбек во суперлигашкото друштво од септември. Битолчани без никакви проблеми го совладаа Вардар Неготино со 45-20, а победата беше најавена уште по првиот дел кога домашните водеа со 28-15.

Најдобри стрелци во победничкиот состав беа младинските репрезентативци Ненад Белистојаноски со десет и Мирче Калајџиески со седум погодоци. Касј Вардар Неготино, Лазар Стојанов постигна седум погодоци, додека Костадин Петров имаше шест реализации.

Ракомет
Прва лига 2024/25
Плеј-оф - четврто коло
28-15)
Еурофарм Пелистер 2 - Вардар Неготино 45-20 (28-15)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 300
Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески

Еурофарм Пелистер 2:
Печурица, М. Јовановски, Младенов, Маркоски 3, Д. Наумовски 2, Митревски 6, Димитровски 3, Калајџиовски 7, Пецаковски 2, Славков 2. Гичев 5, Димовски 3, Белистојановски 10, Југовски, Дрогришки 2
Седмерци: 6/6
Исклучувања: 12 минути

Вардар Неготино:
Димов 2, Ј. Јовановски, Ристов 1, Кузев, Стојанов 7, Митевски 3, Мицев, Велков, Пандев, Петров 6, Станковиќ, Илијевски 1, Пранговски, Ж. Наумовски
Седмерци: 5/3
Исклучувања: 14 минути

Еурофарм Пелистер 2 е лидер на табелата со 24 бода, додека на делба на второто место се Мулти Есебс и Македонија Ѓорче Петров со по 17 бода.

sponzori 2023 2024 noemvri

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723