b_640_480_16777215_00_images_vesti_2025_05_dkio.jpg

На Еурофарм Пелистер му требаше едно полувреме за да ги„запали моторите“ и да одигра според она како што знае и се очекува. Како „ладен дизелски мотор“ се загреа дури после 40 минути, за да може на крајот од средбата да каже дека е завршена работата, и победиле. Битолчани со 29-25 (12-11) триумфираа, но Тиквеш се покажа во одлично светло.

Во првиот дел, Еурофарм Пелистер и Тиквеш цело време беа рамо до рамо. Првакот во еден наврат избега на плус од два гола, кога беше 9-7, меѓутоа Тиквеш израмни на 9-9, а до паузата успеа да дојде и до гол позитива (11-12). Се играше во ист ритам до 19-18, кога Еурофарм Пелистер ги презеде работите во свои раце. Кога Дејан Манасков во 51 минута го постигна својот седми гол на средбата, а Еурофарм Пелистер поведе со 24-20 стануваше јасно дека бодовите ќе останат во Битола.

Дејан Манасков со десет гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Славчо Шулески постигна шест гола.

Ракомет
Суперлига 2024/25
Плеј-оф - шесто коло

Еурофарм Пелистер - Тиквеш 29-25 (11-12)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 1.000
Судии: Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски

Еурофарм Пелистер:
Митревски 1, Брестовац, Д. Манасков 10, Цехте 3, Ристевски, Тајник 3, Борзаш, Кузмановски 5, Костески 1, Абутовиќ, Петровиќ, Пешевски, Хосни 2, Хаџиќ 1, Пав. Атанасијевиќ 2, Мамдух 1
Седмерци: 9/7
Исклучувања: 8 минути

Тиквеш:
Арсиќ, Велков, Анастасовски 3, Петрески, Темелкоски, Андоноски 5, Кофиловски 3, Наумов, М. Манасков 1, Гачевиќ, Шулески 6, Летиќ 2, Тодоров, Ангелов 1, Даневски, Обина 4
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 8 минути

Во следното седмо коло Еурофарм Пелистер пред своите гледачи ќе го пречека Охрид.

sponzori 2023 2024 noemvri

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723