b_640_480_16777215_00_images_vesti_2016_09_filic.jpg

Пелистер - Еурофарм Работник 24-21 (12-12)

Во спортската сала „Младост“ пред 5.000 гледачи, Пелистер го совлада Еурофарм Работник во новото битолско дерби со 24-21 (12-12). Мечот три четвртини мече израмнет, а потоа домашната екипа се одлепи до финалната победа.

Чурлевски и Караиванов донесоа почетно водство од 0-2 за Еурофарм Работник. Екипата на Касим Каменица фати приклучок и преку Чантурија и Димитровски во 10. минута поведе со 5-3. Преку Адли, Барош, Караиванов и Мојсоски гостите направија серија 4-0 и на половина полувреме резултатот гласеше 6-8. Следеа два гола од позиција на десен бек на Вешовски за 9-9 во 18. минута. Првиот дел заврши со 12-12, а дури седумпати во првиот дел резултатот беше израмнет.

Со многу нервоза и технички грешки мечот се одвиваше се до средината на вториот дел. Се играше гол за гол, двете екипи промашуваа зицери и со тоа извесно беше дека ќе се радува онаа екипа која помалку ќе греши. При 16-16 полека започна тимот на Зарков и Марковски да доминира, но наместо тоа настана серија на одбрани на Колев и налет на „зелените“.

Павловиќ на 11 минути до крајот на мечот погоди двапати за +2 на домашната екипа. Следеа одбрани на Колев и неколку седмерци на Вешковски за чувствителни 23-18 и одлука околу победникот. До крајот „зелените“ без притисок го приведоа мечот за финални 24-21.

Во екипата на Пелистер се истакнаа Колев со 11 одбрани, од кои два седмерци и Вешовски со 6 гола, а кај Еурофарм Работник најефикасени беа Чурлевски со 5 и Караиванов со 4 гола.

 

ФОТО: Филип Вирановски - www.gol.mk

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723