Ракометарите на Еурофарм Пелистер забележаа пораз со 33-26 (20-11) на гостувањето против унгарски Веспрем во дуел од Лигата на шампионите.
За битолчани ова беше шестиот пораз во деветтиот натпревар во најеминентното ракометно натпреварување на Стариот континент.
Унгарците си ја завршија работата уште во првото полувреме кое го добија со убедливи плус девет. Во второто полувреме унгарците рутински ја одржуваа предноста за конечна победа. Кузмановски со шест гола и Радивојевиќ со пет беа најефикасни кај македонскиот тим, а Косоротов и Фабрегас со по седум гола предводеа кај Веспрем.
По девет одиграни кола, Еурофарм Пелистер останува на 4 бодови и на делба на шестото место со Висла.
Ракомет
Лига на шампионите 2024/25
А група
Деветто коло:
Веспрем - Еурофарм Пелистер 33-26 (20-11)
Спортска сала „Веспрем Арена“ - Веспрем
Гледачи: 3.000
Судии: Денис Болиќ и Кристоф Хурич
Веспрем:
Коралес, Јенсен, Фабрегас 7, Косоротов 7, Елисон 5, Деска 3, Пешмалбек 3, Палмарсон 2, Ваилупау 2, Касадо 2, Сандел 1, Ремили 1, Граховац, Лигетвари, Маргуч, Циндриќ
Седмерци: /
Исклучувања: 4 минути
Еурофарм Пелистер:
Митревски, Ивиќ, Кузмановски, Радивојевиќ, Тајник, Манасков, Цехте, Ристевски, Пет. Атанасијевиќ, Хаџиќ, Мамдух, Борзаш, Абутовиќ, Пешевски, Хосни, Пав. Атанасијевиќ
Седмерци: 4/4
Исклучувања: 2 минути