b_640_480_16777215_00_images_vesti_2024_10_purinwisla.jpg

Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер утре го чека нов натпревар од Лигата на шампионите и тоа на гости против Висла Плок. Битолскиот состав во овој натпревар влегува мотивиран по бодот кој минатата недела го освои против Спортинг на домашен терен. Пред тоа реми „пелистерци“ беа во серија од четири порази сезонава. На прес-конференцијата пред патот за Полска со новинарите зборуваа тренерот Ангеловски и пивотменот Пешевски.

Бранислав Ангеловски
(тренер на Еурофарм Пелистер)

Висла е добро компонирана и селектирана екипа од шпански тренер како Сабате. Играат шпански систем со многу интернационални, екипа која пред неколку дена го победи Киелце и е актуелен шампион. Не е реална табелата во Лигата на шампионите на Висла, тие се далеку подобар тим од тоа што овие четири натпревари го покажуваат. Ние имавме позитивна недела, одигравме одличен натпревар во Лигата на шампионите и добар дерби натпревар во македонското првенство. Имаме позитивна атмосфера, тоа ме радува и ќе одиме да се надигруваме со Висла, а не да гледаме да загубиме со помал број на голови. Тоа е една наша карактеристика. Имаме неколку повредени ракометари, но за неколку дена верувам дека ќе бидат здрави и спремни за добра претгстава.

Жарко Пешевски
(РК Еурофарм Пелистер)

Конечно го скршивме „мразот“ во Лигата на шампионите и ни падна тој товар од грбот. Го освоивме тој бод по долго време и тој ќе ни помогне и на домашните и на гостинските натпревари да ловите два бода. Гостуваме кај одличен противник, екипа составена од интернационалци и многу добар тренер. Висла негува малку поинаков ракомет од другите. Имаат гранитна одбрана, искусни голмани и сакаат сигурен и смирен напад. Се подготвуваме максимално и имаме свои шанси, затоа што секоја екипа во Лигата на шампионите бара слаби страни на противникот, многу видео анализи. Ќе биде супер-неизвесно, тие го победија Киелце, а ние бевме подобри од Охрид во домашните првенства. Влегуваме со позитивна атмосфера и желба да ја продолжиме серијата.

Натпреварот меѓу Висла Плок и Еурофарм Пелистер се игра во четврток со почеток од 18:45 часот, а главни судии на натпреварот ќе бидат браќата Коњичанин од Босна и Херцеговина.

sponzori 2023 2024 noemvri

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723