b_640_480_16777215_00_images_vesti_2024_09_ehfcl-rakomet-psg-eurofarm-pelister-2024.jpg

ПСЖ - Еурофарм Пелистер 31-29 (18-13)

Еурофарм Пелистер новата сезона во Лигата на шампионите ја почна со минимален пораз од најскапиот светски клуб, француски ПСЖ.

Францускиот великан се мачеше да го скрши отпорот на Пелистер на стартот на мечот и до првото водство стигна преку Пранди во 11. минута (5:4), а тоа беше најава за подобри втори десет минути за фаворитот, во кој се стигна и до максимални плус четири во таа фаза. До полувремето, ПСЖ успеа да ја зголеми предноста и на пауза да замине со 18-13, но македонскиот првак сепак не го имаше кажано последниот збор.

Избраниците на Ангеловски не се предадоа и успеаја да останат резултатски во игра до последните 10 минути, а на пет минути пред крајот имаа само минус два (28-26) и постоеше надеж за голема сензација. Сепак, ПСЖ го одбрани водството и со 31-29 ги освои првите три бода во новата натпреварувачка сезона, додека Пелистер сигурно ќе биде горд што скапо ја продаде кожата против еден од фаворитите за највисок пласман.

Прво име на мечот беше Камил Шипжак од ПСЖ со 11 постигнати гола, а голманот Андреас Паличка фати 10 топки, додека кај Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски погоди осум пати, пред Жарко Пешевски и Нејц Цехте со по шест гола, а голманот Филип Ивиќ собра шест интервенции.

ПСЖ - Еурофарм Пелистер 31-29 (18-13)

Спортска сала: „Пјер де Кубертен“ - Париз
Гледачи: 1,350
Судии: Адам Биро и Оливер Киш (Унгарија)

ПСЖ:
Паличка, Солие, Марчан, Јахија 3, Стеинс 5, Нарсис, Соле 3, Тонесен, Гребиј 5, Шипжак 11, Карабатиќ, Пелека, Пранди 3, Плантан, Лоредо
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 4 минути

Еурофарм Пелистер:
Ивиќ, Митревски, Манасков 4, Цехте 6, Ц. Кузманоски, Тајник 4, Борзаш, Радивојевиќ, Ф. Кузмановски 8, Абутовиќ, Ѓорговски, Петровиќ 1, Петар Атанасијевиќ, Пешевски 6, Цикатиќ, Павле Атанасијевиќ
Седмерци: 3/
Исклучувања: 8 минути

Во следното коло од Лигата на шампионите Еурофарм Пелистер на домашен терен игра со бундеслигашот Фуксе Берлин.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723