Селекторот на кадетската машка репрезентација на Македонија (до 18 години), Иле Темелковски, го објави списокот на ракометари за собир за припреми за настап на ЕП (Дивизија Б) во Бугарија.
Темелковски повика 21 ракометар на собирот што ќе се одржи во петок во спортската сала „Автокоманда“. За првпат на списокот се најдоа и двајца ракометари на Еурофарм Работник, а тоа се Стефан Христовски и Дарио Петровски.
Дел од ракометарите што се дел и од јуниорската репрезентација на Македонија, на кадетската селекција ќе се приклучат по враќањето од ЕП во Данска. Европското кадетско првенство (Дивизија Б) ќе се игра во Варна и Камчиа во Бугарија во периодот од 15 до 21 август. Македонија е во група со Унгарија, Украина, Ерменија, Косово и Кипар.