b_640_480_16777215_00_images_vesti_2024_03_1709579206288.JPEG

Екипата на Еурофарм Пелистер ќе го заврши својот настап во Лигата на шампионите со гостувањето кај Колштад. Во очекување на натпреварот, тренерот Бранислав Ангеловски даде изјава во која се осврна на предизвиците и постигнувањата на тимот. На средбата со новинарите зборуваше и младиот Павле Атанасијевиќ.

Бранислав Ангеловски
(тренер на Еурофарм Пелистер)

Нема неважен натпревар во Лигата на шампионите. Ние треба да славиме што бевме дел од ова натпреварување, да играме со такви европски велесили. Со овие натпревари ќе извлечеме поука и ќе видиме уште колку работа нè чека во иднина за да бидеме во егал со овие екипи. Одиме да се надигруваме со норвешкиот шампион и да извлечеме позитивен резултат. Пред управата ветивме дека ние како тим на секој натпревар ќе одиме на победа и ќе се спремаме за да славиме. Како ќе биде овој пат ќе знаеме по завршувањето на натпреварот. Треба да сфатиме дека овој натпревар го играме првенствено за нас, како индивидуи, а потоа и за клубот, градот и државата, бидејќи ние ги претставуваме Битола и Македонија. Сакаме да ја завршиме оваа авантура со добар натпревар и потоа сите да се насочиме кон првенството и Купот на Македонија“

Павле Атанасијевиќ
(РК Еурофарм Пелистер)

Колштад е одличен тим, составен од многу врвни играчи. Напорно тренираме и мислам дека ќе бидеме подготвени за тоа што нè очекува. Веруваме дека ќе се покажеме во подобро светло за разлика од првиот натпревар што го одигравме со овој противник во Битола. Двете екипи не успеавме да обезбедиме елиминациона фаза и затоа мислам дека ќе одиграме возбудлив натпревар, а ние секако дека ќе до дадеме максимумот. Тренерот ми дава поголема минутажа во одбраната што секако дека треба да ја оправдам. Секој играч си има свои задачи и тие треба успешно да ги одработиме

Натпреварот меѓу првакот на Норвешка и Македонија се игра утре попладне во 18:45 часот.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723