b_640_480_16777215_00_images_vesti_2023_03_zoki-i-mihajlo-2-e1679424631273.jpg

Во пресрет на неделното дерби од македонската ракометна лига меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер, двајцата претседатели на клубовите, Михајло Михајловски и Зоран Стерјев имаа состанок и издадоа заедничко соопштение кое можете да го прочитате во целост.

Во заедничкото соопштение, двајцата претседатели упатија апел до тренерите, играчите, навивачите и спортските љубители во недела да победи спортот, да победи моментно подобриот тим, да победи ракометот. За реализација на тоа, сите ние, директни (играчи и тренери) и индиректни актери на напреварот, треба максимално да придонесме секој во рамките на своите улоги, желбата да стане реалност.

Како први луѓе на клубовите, ние на терен, меѓусебе сме лути спортски ривали, но во исто време и добри спортски пријатели, и пријатели и надвор од спортот. Ние силно веруваме во спортската идеја и приказна, и ги правиме сите можни напори да овозможиме услови за да победи спорот и да победи моментално подобрата екипа, се вели во заедничкото соопштение на двата клуба.

Победникот се решава и треба да се решава на терен. Затоа сите ние треба позитивно да го поддржиме тој процес, да навиваме гласно, цивилизирано и коректно. Ниту едно запалено пиротехничко средство, ниту еден бокс или физички напад на трибините, фрлен камен пред сала, пред или после натпреварот нема да одлучува за победникот на натпреварот. Таквите појаби само ќе ја нарушат спортската атмосфера, ќе им наштетат на клубовите и ќе ја нарушат желбата да гледаме коректен, фер и квалитетен спортски ракометен натпревар, се вели во соопштението кое можете да го прочитате во целост.

soopstenie vardar pelister

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723