b_640_480_16777215_00_images_vesti_2023_03_jovic.jpg

Ракометарите на Еурофарм Пелистер одиграа убедлив натпревар и го победија Нексе Нашице со 27-23, во последниот натпревар од групната фаза на СЕХА лигата. Битолчани ја исполнија целта и со триумф од гола дојдоа до второто позиција во групата.

Александар Јовиќ
(тренер на РК Еурофарм Пелистер)
Одлична победа и одличен почеток на нашата нова кариера. Голема благодарност до Зарков и Шундовски и до ангажманот на ракометарите. Одигравме добар натпревар против одлична екипа и еден од најдобрите тренери во лигата, Бранко Тамше. Не игравме добра одбрана во првото полувреме, но со голема енергија и емоции направивме разлика. Нашите голмани одбранија многу важни удари, четири пенали и ни дадоа голема поддршка да победиме и да стигнеме до второто место од групата. Посебна благодарност до нашите навивачи, кои ни дадоа поддршка во текот на сите шеесет минути.

Марко Кизиќ
(РК Еурофарм Пелистер)
Би сакал да му честитам на Нексе за фер натпреварот. Бевме навистина мотивирани, и одигравме брилијантен меч против одлична екипа. Имавме поддршка од нашите навивачи и бевме навистина мотивирани. Не е лесно да се победи против тим како Нексе. Оваа победа ни дава голем мотив за следните натпревари во СЕХА Газпром лигата и домашното првенство.

Својот противник во четвртфиналето Еурофарм Пелистер ќе го дознае по одигрувањето на натпреварите од групата Б.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723