b_640_480_16777215_00_images_vesti_2023_03_prezentacija-jovic-i-shundovski_4.jpg

Два дена Еурофарм Пелистер работи под водство на новиот стручен штаб. Александар Јовиќ, Александар Зарков и Звонко Шундовски денес го одржаа вториот тренинг со разредениот ростер на клубот од Битола.

На официјалното претставување и Јовиќ и Шундовски покажаа мотивираност за новите функции.

Александар Јовиќ
(тренер на РК Еурофарм Пелистер)
Најпрво сакам да ѝ се заблагодарам на управата на клубот на укажаната доверба. Исто така сакам да испратам голема благодарност до Звонко Шундовски за прифатената понуда да биде наш ментор. Со овој потег Шундовски покажа колку му значи клубот и градот Битола. Потег за поздравување, тој е најдобриот македонски тренер. Јас и Зарков сме тренери-учители, и мислам дека одлично се покажавме во последните сезони. Со Звонко добивме тренер натпреварувач, кој што ќе нè води во правилна насока. Затоа сметам дека клубот направи одличен потег. Мислам дека со позитивна мисла и добро насочена работа ќе ги оствариме целите на клубот за оваа сезона.

Звонко Шундовски
(стручен тим-менаџер на РК Еурофарм Пелистер)
По подолго време повторно сум дел од битолскиот ракомет и многу сум мотивиран. Мојата примарна цел е да го вратиме ракометот во Битола на старата слава и патишта. Помина многу време од последната двојна круна на клубот. Сите од стручниот штаб знаеме дека времето е кратко, но ќе направиме напори да успееме да ја вклопиме и синхронизираме екипата за да ги вратиме пехарите во нашите витрини.

Еурофарм Пелистер располага со квалитетни играчи и широк ростер. Квалитет има, но некако не успеа сето тоа да се вклопи во еден систем кој ќе донесе резултати. Наша цел во овој краток период е да пробаме да ја воиграме екипата и со нов систем да атакуваме на двете титули.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723