b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_12_pavle_sp.jpg

Селекторот на машката сениорска репрезентација Кирил Лазаров го објави списокот на повикани ракометари за собир и настап на претстојното Светско првенствои кое ќе се оддржи во Полска и Шведска во период од 11.01 до 29.01.2023 година. Повикани се ракометарите на Еурофарм Пелистер: Цветан Кузманоски, Ненад Костески, Павле Атанасијевиќ, Жарко Пешевски и Марко Кизиќ и ракометарот на Еурофарм Пелистер 2, Петар Атанасијевиќ.

Машката сениорска репрезентација е дел од групата Ф заедно со репрезентациите Норвешка, Аргентина и Холандија, а натпреварите од групата се играат во Краков, Полска во „Таурон Арена“.

Македонските ракометари настапот во Краков го започнуваат на 13 јануари против репрезентацијата на Норвешка во 20:30 часот. Потоа следи дуелот против репрезентацијата на Холандија на 15 јануари во 18:00 часот, а последниот натпревар од групната фаза е на 17 јануари против Аргентина во 18:00 часот.

Собирот на репрезентацијата е закажан на ден 20 декември во 11:30 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723