b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_11_hanrzap.jpg

Мотор Запорожје - Еурофарм Пелистер 30-33 (16-18)

Во рамките од четвртото коло во ЕХФ Европската лига составот на Еурофарм Пелистер со 30-33 го совлада Мотор Запорожје. Овој натпревар поради руската агресија врз Украина се играше во германскиот град Диселдорф и во кој славеше македонскиот вицешампион.

Себастијан Хенеберг блескаше во редовите на Еурофарм Пелистер со 14 голови, а четири запиша Црногорецот Мирко Радовиќ. На спротивната страна седум погодоци имаше Ихор Турченко, а пет беа дело на Дмитро Хориха.

За играчите на тренерот Ларс Валтер ова е втора победа во групата Д, во која денеска се одигра уште една средба, Скандерборг Архус дома со 38:27 убедливо славеше над Бидасоа Ирун. Фуксе Берлин го надигра Агуас Санташ со 34-20.

Во следното коло Еурофарм Пелистер на 6 декември ќе гостува во Шпанија кај Бидасоа Ирун.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723