b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_11_pavle2026.jpg

РК Еурофарм Пелистер со особено задоволство ја информира јавноста дека го продолжи договорот со еден од најталентираните ракометари во клубот и во Македонија, Павле Атанасијевиќ. 19-годишниот бек ја игра третата сезона во семејтвото Еурофарм Пелистер, прва во тимот кој го предводи Ларс Валтер. Новиот договор е со важност до јуни 2026 година.

Веруваме дека Атанасијевиќ ќе го продолжи развојот и уште долго ќе остане во нашиот клуб. Со овој потпис продолжува трендот за доведување и задржување на најталентираните млади македонски ракометари во нашето ракометно семејство.

„Дојдов пред три години и тоа беше ново искуство за мене. Со тек на време секоја година по година прогресив сè повеќе и повеќе. Прво започнав со тренерот Александар Јовиќ, кој ме упати, а потоа новиот тренер Ларс Валтер ми укажува на грешките и прави да бидам подобар играч. Ми дава мотив да напредувам и да играм подобро.

Атмосферата тука е многу убава, посебно кога се игра пред полна сала. За мене ова е големо искуство, посебно кога играме на европската сцена. Тоа е мотив плус за мојата работа“, рече Павле Атанасијевиќ.

Со овој потпис продолжува серијата проектирање млади асови во Битола. Претходно договори со Еурофарм Пелистер потпишаа Ѓорговски, Костески и Кузмановски.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723