b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_11_zareberlin4.jpg

Еурофарм Пелистер продолжува со натпреварите во Лигата на Европа, а следен предизвик е бундеслигашот Фуксе Берлин. Пивотменот Жарко Пешевски, вели дека може да ја израдуваат битолската публика ако се спојат сите коцки.

„По кратка пауза ни доаѓа еден екстремно силен тим од Бундеслигата. Фуксе Берлин оваа година е конкурент за освојување на шампионатот на Германија и конкурент за трофејот од Европската лига. Се подготвуваме максимално, ваков натпревар се игра пред полни трибини и тоа е мотив плус за нас. Имаме проблеми со повредени ракометари, но во вторник ќе се консолидираме и ќе го дадеме најдоброто од себе.

Фуксе Берлин е склоп на ѕвезди, германски репрезентативци и интернационалци. Мислам дека се конкуренти за сите титули, играат брз ракомет, имаат одлична одбрана, потпомогнати со добри голмани. Тука е Милосављев, кој мислам дека две години е најдобар голман во Бундеслигата. Тие се сериозна екипа и треба и ние да сме подготвени, да имаме среќен ден и поддршка од публиката. Така може да ја израдуваме битолската публика и да направиме чекор напред во групата.

Секој натпревар е ново докажување, нова шанса за одличен натпревар. Имаат густ распоред, играат секој втор ден, патуваат… Во Битола нема натпревар без притисок, така ќе биде и во вторник, но со мирна глава и добра подготовка имаме наша шанса“, изјави Пешевски.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Фуксе Берлин се игра во „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:45 часот.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723