b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_10_tikves_pel_2.jpg

Тиквеш – Еурофарм Пелистер 2 27-25 (12-14)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 го претрпеа вториот пораз во групата Б на Суперлигата, откако со лошо второ полувреме загубија во Кавадарци од Тиквеш со 27-25.

Домаќините со предност од три гола го отворија натпреварот, но гостите не се лесно предадоа. Битолчани постојано се бореа и го наметнуваа своето темпо на игра, а во тоа успеаја во последните минути од првиот дел, кога направија мини серија за предност од два гола, 12-14, резултат со кој се замина на пауза.

Во вториот дел подолго време се играше гол за гол, а домаќините го скршија отпорот на битолчани во последните десет минути, кога одиграа одлична одбрана и супер реализација во нападот. Ваквиот пристап кон играта им донесе победа на домашен терен за зајакнување на победничкиот менталитет во македонската ракометна лига.

Ракомет
Суперлига
Група Б
Осмо коло:

Тиквеш – Еурофарм Пелистер 2 27-25 (12-14)

Спортска сала „Јасмин“ - Кавадарци:
Гледачи: 1.000
Судии: Славе Николов и Ѓорѓи Начевски

Тиквеш:
Брауновиќ, Стојановски 1, Лазов, Дрогришки, Темелкоски, Велков, Соколов, Стефановиќ 2, Димовски 11, Милков, Окардов, Шулевски, Коцев 3, Симиќ 3, Хамзиќ 3, Л. Петровиќ 4
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 6 минути

Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Печурица, Ристевски 1, Кукуловски 5, Митревски 3, Димитровски 1, Талевски 1, П. Петровиќ 7, Ивановски 2, Буторац 1, Белистојановски 3, Југовски, Блажевски, Арсеновски 1
Седмерци: /
Исклучувања: 12 минути

Во следното деветто коло Еурофарм Пелистер 2 игра уште едно дерби, а ривал е Пролет од Скопје,

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723