b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_10_emilijan_dimitar.jpg

РК Еурофарм Пелистер го продолжува развојот и ја планира иднината со најдобрите млади македонски ракометари. Емилијан Ѓорговски е еден од оние кој влегува во сите комбинации на клубот во иднина и затоа уште најмалку три години ќе го носи „зелено-белиот“ дрес. Младиот стружанец, кој пред точно две години дојде во Битола, се обврза на нов тригодишен договор и потпиша до крајот на 2025 година. Левиот бек беше доведен како член на Еурофарм Пелистер 2, но со постојаниот напредок, од ова лето е под „палката“ на Ларс Валтер. Веќе дебитираше во СЕХА лигата, а наскоро ќе заигра во ЕХФ Лига Европа. Ѓорговски настапуваше за сите младински и за сениорската репрезентација на Македонија во периодот по пристигнувањето во Битола.

„Голема благодарност до екипата на Еурофарм Пелистер 2, со која имав голем напредок и потоа остварив голем успех и затоа потпишав за Еурофарм Пелистер. Наскоро почнува групната фаза на Европската лига и верувам дека ќе дебитирам. Со големо искуство е тренерот Ларс Валтер, многу учам од него и се надевам дека ќе созреам во професионален играч“, смета Ѓорговски.

Пред две недели Еурофарм Пелистер ги продолжи договорите со Кузманоски и Костески.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723