b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_10_daneco.jpg

Особено задоволство ни претставува што денес можеме да го претставиме првиот дански ракометар кој ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. Нов член на нашиот клуб е Себастијан Хенеберг, кој потпиша договор до крајот на сезоната и веќе го започна тренажниот процес со новата екипа. 28-годишниот Хенеберг доаѓа во Битола од данскиот првак Алборг и игра на позициите лев и среден бек. Висок е 197 сантиметри, тежок 101 килограм и неколку години по ред настапува во Лигата на шампионите.

Хенеберг блесна во Силкеборг и Архус и во сезоната 2019/20 потпиша за норвешкиот првак Елверум. По една сезона во овој клуб и сите освоени трофеи, потпиша за Алборг, од каде што доаѓа во Битола.

Неговото деби се очекува следната недела на натпреварот против Пролет од седмото коло на групата Б на Суперлигата

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723