b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_09_pelgolden_art.jpg

Ракомет - Суперлига 2022/23  Група Б

Голден Арт – Еурофарм Пелистер 2 20-28 (10-17)

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 по нерешениот резултат против Еурофарм Пелистер во претходното коло, повторно одигра одличен натпревар и во рамки од 4. коло од Суперлигата на гостувањето во Скопје кај повратникот во македонската елита, тимот на Голден Арт, славеше убедлива победа со резултат 28-20.

Од самиот почеток тимот на Јовиќ се наметна во двете фази, резултатски се одлепи и ако не беше Даскаловски на голот, предноста ќе беше двоцифрена. Петар Атанасијевиќ и Филип Арсеновски беа посебно расположени и го наполнија голот на новиот суперлигаш.

Спортска сала „Јане Сандански“ - Скопје
Гледачи: 300
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов

Голден Арт:
Даскаловски 1, Виларов, Јакиќ 1, Трајковски, Даев 2, Гучевски, Јанковски 6, Рајатовски, Павличковски, Илиев, Мандиќ, Налетовски, Милошески 1, Гошевски 2, Дрпљанин 1, Шилегов 6
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 6 минути

Еурофарм Пелистер 2:
Печурица, Јовановски, Ристевски, Кукуловски 5, Митревски 1, Димитровски 2, Талевски, Петровиќ 2, Пет. Атанасијевиќ 8, Ивановски 2, Буторац, Белистојановски 3, Блажевски 1, Арсеновски 4
Седмерци: 4/2
Исклучувања: 6 минути

Во следното петто коло Еурофарм Пелистер 2 на домашен терен го пречекува тимот на Скопје 2020.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723