b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_09_mirkosuper.jpg

Дуелот меѓу двата најдобри состави донесе голема борба, неизвесност, драма која кулминираше со голот на Хосни и одбраната на Кизиќ за триумф на клубот од Битола. Овој резулат донесе среќа и задоволство кај избраниците на Ларс Валтер.

Радовиќ: Вакви убавина од мечеви нема никаде во светот!

Ова беше еден врвен меч и доста тешка за играње. Како што се и сите други мечеви со Вардар. Најважно е што не се предадовме додека губевме, се боревме и успеавме да дојдеме до една неверојатна победа. Ова е голем триумф за самодоверба за понатаму. Беше многу тешко да се игра во оваа атмосфера која беше неверојатна. Убавина е да се играат вакви мечеви, вакво нешто нема никаде во светот.

Танкоски: Дерби средбите со Вардар секогаш се на гол повеќе и бараат борба

Последните десет минути губевме со два гола разлика, имаше Вардар напад за три разлика. Покажавме карактер, не се откажавме, направивме пресврт и дојдовме до титулата. Ова е сосема нова екипа, треба време да се воиграме. За стартот на Европската лига ќе бидеме воиграни. Натпреварите со Вардар секогаш се за гол повеќе и мора да се бориш за него.

Костески: Секоја чест за овој дуел и за нас и за Вардар

Ова го посакувавме на почетокот на сезоната. Се подготвуваме за овој дуел и драго ми е што започнавме како што треба. Ова беше еден тежок меч за двете екипи, без разлика што Вардар нема многу ротација, покажа дека може да се носи добро. Секоја чест за борбеноста и за нив и за нашиот тим. Ние изгинавме до последната минута и го свртевме натпреварот во наша полза.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723