b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_09_super2.jpg

Ракомет
Суперкуп на Македонија 2022/23

Вардар 1961 – Еурофарм Пелистер 22-23 (12-12)

Еурофарм Пелистер вечерва во Охрид го победи Вардар со 23-22 (12-12) и го одбрани трофејот во ракометниот Суперкуп. На дуелот одигран во „Билјанини извори“, битолчани беа поснаодливи во финишот и со серија од 3-0 во последните три минути стигнаа до победата. Вардар пропушти напад за израмнување, односно шутот на Филип Талески го одбрани голмнаот на „зелено-белите“ Марко Кизиќ. За Еурофарм Пелистер ова е втор трофеј во историјата на ова натпреварување.

Најефикасен во победничката екипа беше Усама Хосни со седум гола, во редовите на „црвено-црните“ се истакна Талески со 10 погодоци.

Спортска сала „Билјанини извори“ - Охрид
Гледачи: 2.000
Судии: Славе Николов и Ѓорѓи Начевски

Вардар 1961:
Ристовски, Томовски, Манасков 4, Стоилов 2, Моралес 2, Георгиевски 1, Добрковиќ, Карапалевски 2, Чувара, Лазаревски, Савревски, Талески 10, Ѓукиќ, Атанасовски, Ќосевски, Мишевски 1
Седмерци: /
Исклучувања: 6 минути

Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ, Ојлески, Кузманоски 3, Стоилевски, Радовиќ, Танкоски, Хосни 7, Костески, Дејвис 1, Кукоски, Васиљев 3, Суси 4, Пешевски 4, Сери 1, Пав. Атанасијевиќ
Седмерци: 3/1
Исклучувања: 10 минути

Веќе в среда пелистерци го играат заостанатиот натпревар од второто коло на групата Б на Суперлигата против Голден Арт.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723