b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_09_lasko-andonovski-eurofarm2.jpg

Пролет 62 – Еурофарм Пелистер 2 28-22 (14-11)

Спортска сала „Македонско сонце“ - Скопје
Гледачи: 300
Судии: Димитар и Дејан Георгиевски

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 го претрпеа првиот пораз во новата сезона, откако во Скопје загубија со 28-22 (14-11) од екипата на Пролет. Дуелот не мина по плановите на Јовиќ и стручниот штаб, бидејќи по десеттата минута домаќинот го презедоа водството и не го испуштија до самиот крај

Битолчани беа подобри на стартот имаа позитива од два гола 5-7, по што домаќинот го зема водството во свои раце. Со серија шест гола поведе со 11-7, на одморот беше 14-11. Во продолжение мечот „течеше“ во една насока, а темпото го диктираше Пролет.

Василевски погоди за 15-11, а одбраната овозможи и голови на спротивната страна, па по погодокот од контранапад на Џонов за 18-11, гостинскиот тренер Јовиќ беше принуден да побара тајмаут во 35. минута од дуелот.. Битолчани се обидоа и со „седум на шест“, но одбраната на Пролет функционираше одлично и одговори и на овој предизвик. Кон средината на второто полувреме дојде до мал пад во играта во напад, а гостите го искористија тоа и намалија на 21-18, по што Лембанов мораше да побара минута одмор.

По тајм-аутот повторно профункционира и одбраната, па избраниците на Лембанов се одлепија до финална победа.

Пролет 62:
Петковски, Аларов 1, Тотиќ, Василевски 4, Пецаковски, Донев, Додевски, Димов 5, Андоновски 4, Џонов 5, Мајнов, Крстевски, Стојановски, Михаљевиќ 1, Јагуриновски 4, Палевски 4
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 8 минути

Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Печурица, Ристевски, Кукуловски 3, Митревски 1, Николовски, Димитровски, Талевски 2, Петровиќ 3, Пет. Атанасијевиќ 4, Ивановски 2, Белистојановски 4, Блажевски, Арсеновски 3
Седмерци: 3/2
Исклуувања: 4 минути

Во следното трето коло, следниот викенд, се игра градското дерби меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Еурофарм Пелистер.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723