b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_08_stoilevski_i_gjorgovski.jpg

Клубот ја информира јавноста дека ракометарите Емилијан Ѓорговски и Никола Стоилевски се прекомандувани од Еурофарм Пелистер 2 во Еурофарм Пелистер. Тие ќе бидат пријавени за натпреварите во Суперлигата, Купот и Суперкупот на Македонија, СЕХА Гаспром лигата и ЕХФ Лига Европа за тимот на Ларс Валтер.

Емилијан Ѓорговски од почетокот на подготовките тренира со вицешампионот на Македонија, а Стоилевски од денес ќе се приклучи на екипата. Претходно од Еурофарм Пелистер 2 во Еурофарм Пелистер се префрлија Павле Атанасијевиќ и Цветан Кузманоски.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723