b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_02_euro2poff.jpg

Ракомет – Суперлига (21. коло)
Еурофарм Пелистер 2 – Радовиш 35-23 (16-14)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 ги освоија планираните бодови на своето конто и се искачија на третата позиција на табелата во Суперлигата. После поразот од Вардар во претходното коло младите момци на Алекдандар Јовиќ одиграа добар натпревар против Радовиш пред својата публика и остварија победа од 35-23.

Од самиот старт на натпреварот пелистерци покажаа дека се желни за враќање на победничките патеки и моќно го отворија натпреварот. Веќе после неколку минути игра беше 4-0, за потоа да биде и 9-4. До крајот на полувремето Радовиш успеа да се врати на два негатива од 16-14.

На стартот на вториот дел Еурофарм Пелистер одново додаде гас и во 43. минута водеше со шест гола разлика. Високата предност не ја испуштаа до крајот и славеа со 35-23.

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 300
Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски

Еурофарм Пелистер 2:
Трајкоски, Ристевски, Кузманоски 1, Буторац 1, Пав. Атанасијевиќ 1, В. Димитровски 4, Митревски 3. Мирчевски 3, Петровиќ 1, Талевски 2, Пет. Атанасијевиќ 6, Ѓорговски 6, Белистојановски 4, Блажевски 2, Табаковски, Арсеновски 1
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 10 минути

Радовиш:
Паунов, Митев, С. Ѓорѓиев 1, Постолов 10, Ристов, К. Ѓорѓиев, Органџиев 2, Буровски 1, Ристов 6, Ников, Трајанов 2, Атанасов, Трајчевски 1, Костадинов
Седмерци: 4/4
Исклучувања: 4 минути

Следниот викенд во 22. коло, последно во регуларниот дел на шампионатот, Еурофарм Пелистер 2 гостува кај Охрид.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723