b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_02_prolet_-_eurofarm_pelister.jpg

Ракомет – Суперлига (21. коло)
Пролет – Еурофарм Пелистер 23-28 (12-13)

Tимот на Еурофарм Пелистер во рамките од 21. коло во домашното првенство го совлада Тинекс Пролет со 23-28.

Пелистерци одлично отворија и ги постигнаа првите четири гола на натпреварот, следуваше една позитивна серија на домаќинот со која не дозволи битолчани да се одлепат. Бркаше Тиквеш негатива до крајот на првиот дел додека избраниците на Жељко Бабиќ ја користеа секоја грешка. По првите триесет минути резултатот гласеше 12-13.

На стартот на вториот дел следуваше и серијата од 5:1 со која веројатно беше решен овој натпревар. Ракометарите на Тинекс тешко реализираа и тешко се справуваа со одличната гостинска одбрана.

Спортска сала „Македонско сонце“ - Скопје
Гледачи: 200
Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески
Црвен картон: Никола Маркоски (Еурофарм Пелистер)

Пролет:
Цветковски, Петковски, Аларов 5, Манев, Пецаковски 8, Додевски 1, Димов, Андоновски, Џонов 3, Мајнов, Крстевски, Голубовиќ 4, Фичорски, Палевски 1, Пејовиќ 1
Седмерци: 4/4
Исклучувања: 4 минути

Еурофарм Пелистер:
Секељи, Кизиќ, Ојлески 1, Маркоски 2, Маџовски 3, Кукуловски 2, Мандалиниќ 1, Танкоски, Периќ 5, Костески 6, Кукоски, Велковски 5, Граџан 1, Табоада 2
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 10 минути

Во вторник битолчани се среќаваат со Кадетен Шафхаузен во натпревар од осмото коло на групата Д на ЕХФ Лига Европа, а следниот викенд во Битола го дочекуваат Прилеп.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723