b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_02_tuniassa.jpg

РК Еурофарм Пелистер од сезоната 2022/23 ќе биде побогат за тунискиот репрезентативец Усама Хосни. Десниот бек на една од најдобрите африкански репрезентации потпиша двегодишен договор со РК Еурофарм Пелистер, почнувајќи од следната сезона.

29-годишниот Хосни во Битола ќе дојде од шампионатот на Франција, каде со успех го носи дресот на Истр. Негов матичен клуб е Клуб Африкан, а потоа во 2017 година се пресели во Франција, каде настапува веќе четврта сезона. Најнапред го носеше дресот на Иври, потоа настапуваше за Понто Комбо, а од 2019 година е член на Истр. Висок е 193 сантиметри и поседува драгоцено искуство од настапи на највисоко клупско и репрезентативно ниво.

Со репрезентацијата на Тунис настапи на три Светски првенства, освојувач е на едно злато и две сребра од шампионатот на Африка, а стана и клупски првак на Африка во дресот на Клуб Африкан. Запиша 102 настапи за туниската репрезентација и постигна 125 гола.

Неговото официјално претставување во Битола предвидено е пред почетокот на сезоната 2022/23.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723