b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_02_burretyuikl.jpg

Ракомет – Суперлига (19. коло)
Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер 21-23 (15-13)

Еурофарм Пелистер наиде на исклучително тежок и жесток отпор на гостувањето кај Бутел, но и покрај се успеа да победи со 21-23, во дербито од 19. коло во Суперлигата.

Натпреварот беше како што доликува кога ќе се сретнат првиот и третиот тим на табелата, без разлика на реномето и разликите во квалитет и клупа. Бутел одигра бестрашн и долго време водеше. На крајот од првиот дел резултатот гласеше 15-13, а одличен беше Градимир Чаневски на голот на Бутел.

Домаќините предноста умешно ја држеа до 44. минута. Потоа влегоа во мини криза, па гостите ја анулираа високата предност и дојдоа до реми кое ги врати во игра. Гоце Ојлевски по долго време ги донесе гостите до водство од еден гол во 56. минута, а до крајот на мечот ракометарите на Еурофарм Пелистер успеаја да ја сочуваат ваквата минимална предност успевајќи да го скршат големиот отпор и да запишат тешка победа над Бутел.

Спортска сала – Бутел
Гледачи: 500
Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев

Бутел Скопје:
Чаневски, Андревски, Младеновски, Стојановски, Ѓеоргиевски 2, Митев 2, Б. Спасовски, Мојсоски 5, Бо, Спасовски, Блажески, Јевтиќ 3, Василевски, Цветковски, Мајиќ 4, Тот 3, Давитковски 2
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 14 минути

Еурофарм Пелистер:
Секељи, Кизиќ, Мараш 1, Ојлески 1, Маџовски 1, Кукуловски, Мандалиниќ 2, Танкоски 1, Периќ 7, Костески, Кукоски, Велковски, Божиќ Павлетиќ 1, Граџан 2, Обрадовиќ 2, Табоада 5
Седмерци: 5/5
Исклучувања: 6 минути

По распоредот пелистерци овој викенд треба да се сретнат со Металург, а в недела патуваат во Франција, каде во вторник попладне ќе се соочат со Ним, во дуел од седмото коло на груипната фаза на ЕХФ Лига Европа.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723