b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_02_serdfhgjk.jpg

Ракомет - Суперлига (19. коло)
Еурофарм Пелистер 2 – Струга 32-26 (12-11)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 го заборавија поразот во Кавадарци и попладенево славеа со 32-26 над Струга во премиерниот натпревар од 19. коло во Суперлигата. Пелистерци подобро го отворија натпреварот и по десет минути лесно стигнаа до предност од плус четири 6-2. Сепак, гостите заиграа далеку подобро во продолжението на првите 30 минути и на пауза заминаа со негатива од само минус еден (12-11).

Како одминуваше натпреварот се повеќе до израз доаѓаше поголемиот квалитет на домаќините кои на средината на вториот дел успеаја повторно да направат поголема предност која ја задржаа до крајот на мечот за конечни 32-26.

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 700
Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски

Еурофарм Пелистер 2:
Трајкоски, Ристевски, Кузманоски 7, Буторац 1, Пав. Атанасијевиќ 6, В. Димитровски, Митревски 2, Мирчевски, Петровиќ 5, Димитриоски 2, Талевски, Пет. Атанасијевиќ 4, Ѓорговски 3, Белистојановски 2, Блажевски, Арсеновски
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 14 минути

Струга:
Тутенкоски 1, Јанковски 2, Маркоски 4, Савески 2, Раткушиноски, Блажески 2, Ѓорѓиевски 3, Јанкуловски 3, Ферукоски, Бунчески, Стојаноски, Стрезоски, Бајрактаревиќ, Кастратовиќ 2, Костоски 5, Цветаноски 2
Седмерци: 6/4
Исклучувања: 8 минути

Во следното 20. коло за време на викендот Еурофарм Пелистер 2 гостува кај шампионот Вардар 1961 во Скопје.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723