b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_02_pelister_skopje.jpg

Еурофарм Пелистер извојува убедлива победа од 17-32 на гостувањето против Скопје. Избраниците на тренерот Жељко Бабиќ рутински прокнижија нови бодови на суперлигашката табела во пресрет на дебито на СЕХА-лигата и гостувањето во Белград против Партизан.

Без Секељи, Маркоски и Кукоски битолчани одиграа скромно прво и одлично второ полувреме. Домашните ракометари изненадија со одлично издание во првото полувреме, во кое Скопје целосно му парираше на големиот фаворит, на одмор заминувајќи со само еден гол негатива (13-14). Пресудна беше неверојатната игра во одбрана на Еурофарм во второто полувреме, па така домаќините дури 21 минута беа без постигнат гол. Во овој период битолчани реализираа бројни погодоци, стигнувајќи до двоцифрена предност за убедлива победа.

Ракомет – Суперлига (18. коло)
Скопје 2020 – Еурофарм Пелистер 17-32 (13-14)

Спортска сала „Борис Трајковски“ - Битола
Гледачи: 200
Судии: Спаско и Глигор Ќаеви

Скопје 2020:
Стојкоски 1, Ф. Василевски 3, Мишевски 2, Чакалиќ, А. Василевски 3, Пешкирски, Грујовски 2, Благопетров, Пешевски 1, Димчевски, Стојановски, Киселовски 3, Трифуновски, Петрески, Калајџиски 1, Андонов 1
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 8 минути

Еурофарм Пелистер:
Кизиќ, Ивановски, Мараш 2, Ојлески 2, Маџовски, Кукуловски 3, Мандалиниќ 3, Танкоски, Ризоски 2, Периќ 2, Костески 6, Велковски 2, Божиќ Павлетиќ 3, Граџан 2, Обрадовиќ 3, Табоада 2
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 4 минути

В недела Еурофарм Пелистер патува за Белград, каде што в понеделник ќе дебитира во СЕХА Гаспром лигата против Партизан. Следниот натпревар од Суперлигата, во рамките од 19. коло, е гостувањето кај Бутел Скопје следната недела.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723