b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_02_euro_oh.jpg

Еурофарм Пелистер е првиот тим кој стигна до петнаесет победи во македонската ракометна Суперлига, откако вечерва го надигра Охрид во својата сала, во Битола, во последниот натпревар од 17. коло.

Гостите од кај езерото почнаа рамноправно и држеа чекор со фаворитот цело полувреме. На паузата имаа тесна негатива од -2, но Еурофарм. Пелистер вториот дел го отвори со серија 4-0 и тоа беше почеток на крајот на сите надежи на екипата на Стојановиќ. Бабиќ им даде шанса на сите ракометари и скоро сите се запишаа во листата на стрелците. Пелистерци настапија без Радовиќ, Куковски и Маркоски.

Ракомет – Суперлига (17. коло)
Еурофарм Пелистер – Охрид 34-25 (16-12)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 1.000
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски

Еурофарм Пелистер:
Секељи, Кизиќ, Ф. Ивановски, Мараш 3, Ојлески 1, Маџовски 4, Кукуловски 2, Мандалиниќ, Танкоски 1, Периќ 6, Костески, Велковски, Божиќ Павлетиќ 8, Граџан 5, Обрадовиќ 1, Табоада 4
Седмерци: 6/6
Исклучувања: 4 минути

Охрид:
Брауновиќ, Ацев, Андоноски, Кривокапиќ 5, Костов 1, Николов 1, Шилегов 3, Шулески 1, Младеновиќ 2, Тасески 2, Грубор 2, Манасков 2, М. Ивановски, Додиќ 6, Ристески
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 6 минути

Божиќ Павлетиќ беше предводник на Еурофарм Пелситер со осум гола, додека него го следеше Периќ со шест, а еден помалку додаде Граџан. Кај гостите најрасположен беше Додиќ со шест гола, додека со пет погодоци мечот го заврши Кривокапиќ.

Утре попладне во 18:00 часот Еурофарм Пелистер гостува кај Скопје 2020, во рамките на 18. коло на Суперлигата.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723