b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_02_ЕУРОФАРМ_ПЕЛИСТЕР_2_-_СКОПЈЕ_2020_8.jpg

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 без посериозни проблеми извојуваа победа на домашен терен против Скопје 2020 со 37-26 во премиерниот натпревар во 2022 година во ракометната Суперлига. Уште од самиот старт екипата на Јовиќ почна максимално и веќе на полувреме имаше предност од 18-12. До крајот на мечот разликата само се зголемуваше за на крајот конечни +11.

Ракомет – Суперлига (17. коло)
Еурофарм Пелистер 2 - Скопје 2020 37-26 (18-12)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 500
Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески

Еурофарм Пелистер 2:
Трајкоски, Јовановски, Кузманоски 4, Буторац 6, Пав. Атанасијевиќ 4, Димитровски, Митревски 5, Петровиќ 3, Димитриоски 1, Талевски 2, Пет. Атанасијевиќ 3, Табаковски 1, Белистојановски, Ѓукиќ 3, Блажевски 1, Арсеновски 4
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 8 минути

Скопје 2020:
Стојковски, Ф. Василевски 4, Мишевски 3, Чакалиќ 2, Тркалевски, А. Василевски 4, Петковски, Пешкирски 5, Грујовски 2, Благопетров 1, Пешевски 2, Димчевски, Стојановски, Киселовски 3, Трифуновски, Калајџиски
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 10 минути

Во следното 18. коло, в сабота попладне, Еурофарм Пелистер 2 гостува кај Тиквеш во Кавадарци.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723