b_640_480_16777215_00_images_vesti_2021_12_mak-rakomet-sobir-na-rakometna-reprezentacija-22122021-3902.jpg

Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Гоце Ојлески се враќа во репрезентацијата и се очекува да настапи на Европското првенство во Унгарија и Словачка. Селекторот Кирил Лазаров одлучи да направи спој на младост и искуство и се очекува Ојлевски заедно со Миркуловски, Стоилов, Митревски, Марковски да им помогнат на помладите.

„Во разговор со селекторот Кирил Лазаров поради моето искуство одлучивме да се приклучам на овој собир, но тоа не значи дека ќе учествувам на Европското првемство. Имаме подготовки и контролни натпревари кои може да донесат секакви несакани ситуации и затоа јас сум тука и колку што можам ќе им помогнам на помладите. Во првата фаза од припремите ќе целиме кон подигнување на физичката подготвеност, па затоа и контролните натпревари ќе ни бидат добредојдени. Тие натпревари ќе ни дадат една слика за ЕП. Нема да бидеме аутсајдари на ЕП, имаме многу искусни играчи. Со овој состав можеме да се натпреваруваме со сите селекции“, вели Ојлески.

Македонија е во групата А што ќе се игра во Дебрецин и ќе се соочи со Данска, Словенија и Црна Гора.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723