b_640_480_16777215_00_images_vesti_2021_10_ezgif-6-b7782666cd78.jpg

Селекторот на машката ракометна репрезентација Кирил Лазаров го објави список на повикани ракометари за претстојната EHF недела во месец ноември 2021 година. На списокот повикани се ракометарите на Еурофарм Пелистер: Бојан Маџовски, Никола Маркоски, Ненад и Мартин Велковски и ракометарите на Еурофарм Пелистер 2: Павле Атанасијевиќ и Цветан Кузмановски. На листата на резерви повикани се Марко Кизиќ (Еурофарм Пелистер) и Петар Атанасијевиќ и Емилијан Ѓорговски (Еурофарм Пелистер 2).

Во рамки на ЕХФ неделата од 1 до 7 ноември машката сениорска репрезентација на Македонија ќе одигра два пријателски натпревари против репрезентацијата на Египет. Натпреварите ќе се одиграат во Каиро на 5 и 6 ноември..

Собирот е закажан за 31 октомври со почеток во 14:00 часот во хотел „Александар Палас“ во Скопје.

spisok egipet

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723