b_640_480_16777215_00_images_vesti_2021_10_mak-rakomet-skopje-eurofarm-pelister-10102021-0860.jpg

По почетниот пораз од Еурофарм Пелистер, ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 врзаа пет победи по ред и заедно со својот повозрасен градски ривал, го делат второто место на табелата. По победите на гостувањата во Автокоманда и Прилеп, момците на Александар Јовиќ попладнево го совладаа новиот суперлигаш Скопје 2020 со (12-14).

Иако настапија без Иван Димитровски, Ѓоргоски и Стоилевски, битолчани доминантно го водеа текот на натпреварот во СЦ „Борис Трајковски“. Одлучувачкото одлепување се случи на почетокот од второто полувреме, кога предноста од 2-3 гола порасна на 7-8 и победникот беше извесен.

Ракомет – Суперлига (шесто коло)
Скопје 2020 – Еурофарм Пелистер 2 24-29 (12-14)

Спортска сала „Борис Трајковски – Скопје
Гледачи: 200
Судии: Димитар и Дејан Георгиевски

Скопје 2020:
Стојковски, Петковски, Ф. Василевски 4, Мишевски 4, Чакалиќ 3, А. Василевски 2, Грујовски 2, Благопетров 1, Пешевски 2, Димчевски, Стојановски, Киселовски 2, Блажевски, Калајџиски 2, Пешкирски 2
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 8 минути

Еурофарм Пелистер 2:
Трајковски, Јовановски, Кузманоски 6, Буторац, Пав. Атанасијевиќ 5, В. Димитровски 1, Митревски 1, Петровиќ 3, Андонов 1, Димитриоски 4, Талевски 1, Пет. Атанасијевиќ 2, Белистојановски, Ѓукиќ 4, Блажевски, Арсеновски 1
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 6 минути

Во следното седмо коло, Еурофарм Пелистер 2 на домашен терен го пречекува Тиквеш од Кавадарци.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723