Во драматичен натпревар екипата на Еурофарм Пелистер успеа да го освои првиот бод во Лигата на шампионите откако ремизираше со португалски Спортинг (24-24). По натпреварот тренерот Бранислав Ангеловски ја истакна важноста на овој бод за кој како што вели е „голем како ќуќа“, а Митревски жали што Битола не се радува на два бода.
Бранислав Ангеловски
(тренер на РК Еурофарм Пелистер)
Освоивме голем бод голем како куќа. Конечно скршивме едeн терет, кој го носевме многу време. Благодарност за моите играчи кои се покажаа како вистински борци. Игравме против многу силен противник, кој победи на 18 натпревари од последните дваесет. Еден загуби од Барселона и ова реми притив нас. Одлично игравме 45 минути, но неколку наши грешки и судиски грешките дозволија Спортинг да го сврти резултатот во своја полза. Сепак, на крајот успеавме некако да стигнеме до бод и затоа благорадност од првиот до последниот во клубот.
Николче Митревски
(РК Еурофарм Пелистер)
Ова беше тежок, многу тежок натпревар. Одлично игравме 45 минути, но неколку наши грешки доведоа до тоа тие да направат целосен пресврт. Сепак, нашата упорност и верба во себе доведе до тоа на крајот да освоиме бод. Сите имаат заслуги за овој бод и им честитам за пожртвуваната игра. Но кога ќе се гледа во целост, мислам дека вечерва загубивме еден бод.
В недела попладне во Битола гостува Охрид во дерби дуелот од седмото коло на Суперлигата.