Македонскииот првак Еурофарм Пелистер неделава го игра последниот домашен натпревар во Лигата на шампионите оваа сезона.Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натреварите од тринаесеттото коло во Лигата на шампионите.
Еурофарм Пелистер игра на домашен терен против составот на Алборг, а судиите доаѓаат од Словачка. Станува збор за Андреј Буџак и Михал Захрадник, додека делегат на средбата во Битола ќе биде Дилмен од Турција.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Алборг ќе се игра в среда во „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.